
ЗА 1 ФУНТА HSBC ЈА КУПУВА БРИТАНСКАТА ФИЛИЈАЛА НА ПРОПАДНАТАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА SVB: Преговорите траеле цела ноќ
HSBC ќе ги купи операциите
на пропаднатата банка во Силиконската долина. Ова е резултат на целоноќни
преговори. Гигантот ќе плати 1 фунта
за спас преку својата филијала во Велика Британија.
Аквизицијата „ја
зајакнува нашата франшиза за комерцијално банкарство и ја подобрува нашата
способност да им служиме на иновативните фирми со висок раст, вклучително и
секторите за технологија и природни науки во Велика Британија и на меѓународно ниво“, рече главниот извршен
директор на Групацијата HSCB, Ноел Квин.
Тој додаде дека клиентите
на SVB во Британија може да
продолжат со банкарството како и обично, безбедни знаејќи дека нивните депозити
се поддржани со безбедноста и
сигурноста на HSBC.
Договорот за купување следува откако Калифорниската управа за финансиска заштита ја
затвори SVB, 16-та најголема американска банка, во петокот. Тоа е најголемата
банка која пропадна од 2008 година, кога се случи светската економска криза.
Колапсот на SVB резултираше со
шокови низ технолошката индустрија поради потенцијалното влијание што може да
го има врз бизнисот, при што некои фирми рекоа за Би-Би-Си дека би можеле да
пропаднат доколку нивните депозити не се осигурани.
ФОТО: EPA-EFE/ANDY RAIN

