
WHATSAPP ВОВЕДЕ НОВА ОПЦИЈА ВО РАЗГОВОРИТЕ – многумина едвај ја дочекаа, еве за што се работи
Доволно е да влезете во разговорот со личноста на која сакате да го испратите видеото.
Апликацијата WhatsApp воведе можност за одговарање на пораки со кратки видеа.
Имено, корисниците на WhatsApp ширум светот можат да испратат видео порака која трае до 60 секунди, заедно со говорна порака, пренесува Fenix-magazine.
„Воведуваме функција која ќе им овозможи на корисниците веднаш да снимаат и споделуваат видео пораки во разговорите на WhatsApp. Тоа е едноставно како испраќање кратка говорна порака“, напиша извршниот директор на Мета, Марк Закерберг на својот Фејсбук профил.
Корисниците треба да ги ажурираат своите апликации WhatsApp на паметните телефони, а потоа можат да почнат да испраќаат видео пораки со неколку кликања.
Сè што треба да направите е да влезете во разговорот со личноста на која сакате да испратите видео, притиснете ја иконата за микрофон за да се префрлите на иконата на камерата и задржете ја за да го снимите видеото. Потоа ќе се појави исечок од камерата во облик на круг и корисникот може да снима.
Пословни.хр
