Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЛИН:  Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина
Регион

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

14/05/2024

AA

Според српскиот вицепремиер, Александар Вулин, „Голема Албанија“ можат да ја спречат само Србите и Грците. 

„Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина. Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина“, изјави Вулин. 

Вели дека признавањето на Косово и приемот на Приштина во Советот на Европа, би бил неизмерен придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на `голема Албанија`. 

„Голема Албанија` можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците, драги наши Грци, размислете за тоа“, рече Вулин. 

Тој го коментираше албанскиот имиграциски состанок кој се одржа во Атина, на кој се обрати албанскиот премиер Еди Рама и покрај противењето на Грците.

Грчкиот весник Катимерини наведува дека овој настан разгорува нови тензии во односите меѓу Грција и Албанија.

Медиумот потсетува дека Рама пред собирот порачал дека „Грција е демократска земја“ која „не можела да спречи еден лидер да дојде во приватна посета и да им се обрати на сонародниците“.

Рама по Атина ќе ја продолжи турнејата по албанската дијаспора и на 26-ти мај ќе отпатува во Милано. Таму ќе се состане со сонародниците кои живеат во тој град на северот на Италија, а после тоа на 2-ри јуни ќе отпатува во британската престолнина Лондон, додека за 25-ти јуни е планирана посета на Рама на германски Дизелдорф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy