
ВУЧИЌ ЗА НАСИЛСТВОТО: Уште зборуваат дека моето дете треба да заврши во шахта како Гадафи
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во обраќањето до нацијата велеше дека децата не гледаат телевизија, немаат ниту една објава за она што се емитува на телевизија. Вели дека не бега од критики, но смета дека децата многу време поминуваат на интернет.
За масакрот во кој денес ученик во Белград уби 9 и рани 6 лица, вели дека во училиштето не гледа што можело да се направи поинаку.
„И на денешен ден зборуваат дека моето дете треба да заврши во шахта како Гадафи“, рече српскиот претседател.
Тој на новинар му одговори дека за насилство и омраза зборуваат оние кои истото го промовираат. Српскиот претседател вели дека покажувал слики со насилство претходно, со цел да укаже дека тоа не смее да се случува во иднина, а не дека промовирал насилство. Се пожали дека и денес на ваков тажен ден одредени луѓе сакаат да го разапнат.
фото принтскрин
