
ВУЧИЌ ЗА ЛАВРОВ: Jа кажа вистината дека Западот ја измами Србија
Српските власти се согласуваат со говорот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, одржан вчера во Скопје, во однос на Србија.
„Лавров ја кажа вистината – дека Западот ја измами Србија по потпишувањето на Бриселскиот договор“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Сметаат дека рускиот министер е во право.
„Лавров ги дефинираше тие работи со извонредна точност и прецизност“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
На новинарско прашање како гледа на изјавата на Лавров дека Србија не може да влезе во ЕУ и да отвори ново поглавје доколку не и воведе санкции на Русија, односно не се усогласи со надворешната политика на ЕУ, Вучиќ рече дека Лавров зборувал и за многу поважни работи за Србија и за српскиот народ.
„Таму Лавров беше обвинет дека веројатно ја користат Србија за да предизвикаат конфликти во регионот и слично, но суштината е дека нашите раце се прилично врзани и дека се држиме многу подобро отколку што некој би очекувал, зачувувајќи ги нашите независност, суверенитет и носење одлуки, а не само во смисла на почитување на Повелбата на ОН и чување на нашите граници“, рече Вучиќ.
Тој кажа дека ситуацијата е секако тешка и ќе биде уште потешка. Србија не воведе санкции за Русија поради војната во Украина. Инаку, српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ замоли да не им делат лекции.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ