
Вучиќ: Во светското лудило по оружје и муниција, можеме да продадеме се што ќе направиме
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека домашните компании од одбранбената индустрија постигнале добра продажба на Саемот за оружје во Абу Даби и дека, на пример, Крушик го распродал производството до средината на следната година.
Вчера Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека во сите претпријатија од наменската индустрија ќе се воведе вистинско корпоративно управување и дека веќе нема да можат да ги продаваат своите производи по планирани цени, туку исклучиво по пазарни цени.
„На саемот продадовме сè, сите сакаат да купат сè, прашање е само која цена ќе ја добиете“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека побарувачката е толку голема што што и да се произведе во оваа индустрија, ќе биде купено.
„Во светот има толкаво лудило за оружје и муниција што можеме да продадеме сè што ќе направиме, само да направиме добар систем, да инвестираме дополнително, да ги иновираме нашите машини за да не живееме во седумдесетите и осумдесеттите и тогаш ќе бидеме на вистинскиот пат“, рече тој.

