
ВУЧИЌ ВО ДРУШТВО НА БРНАБИЌ И ДОДИК: На Синиша Мали најголема грижа му е како ќе ги плати хамбургерите
Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави фотографија на која седи со српската премиерка Ана Брнабиќ, лидерот на босанските Срби, Милорад Додик и министерот за финансии, Синиша Мали.
Вучиќ пишува дека е горд на новоизградената железничка станица Прокоп. Тој се пошегува дека најголема грижа на Синиша Мали му е како ќе ги плати хамбургерите. Српскиот претседател пишува дека додале и крофни и колачи за сметката да не биде мала.

