
Вучиќ вели дека косовците користат српски пушки: Никој не ги прашува од каде им се 20 пати повеќе пушки отколку што „нашле“ таму?
Косовската полиција користи српски пушки, никој не ги прашува од кај им се, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој покажа фотографии кои покажуваат дека припадниците на косовската полиција користат пушки М70 произведени во српски Крагуевац.
„Не сме им ги продале официјално. Никој не ги прашува од каде им се на нив 20 пати повеќе пушки отколку што „нашле“ таму“, кажа српскиот претседател.
Изјави дека е глупаво прашањето од каде му се некому пушките.
„Се поставува прашањето кој имал интерес и што била намерата на тие луѓе“, истакна Вучиќ.
Инаку, Милан Радоичиќ, контроверзниот бизнисмен кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица, денеска е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
