
ВУЧИЌ ТВРДИ ДЕКА СЕ ЗАКАНУВААТ НА СИН МУ: Рекоа дека ќе го посипат Данило со ураниум
Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека добивал закани за неговиот син Данило.
Вучиќ зборуваше за интервјуто на опозиционерот Срѓан Шкоро, во кое тој го коментира и син му Данило Вучиќ и порача дека нема да дозволи напади врз неговиот син, но и врз ничие дете. Тој зборуваше за монструозните закани упатени кон син му, а дел од нив гласеле дека тој ќе биде посипан со ураниум.
„Со години ги кажуваат најлошите и најтешки зборови. Јавноста молчи, Обвинителството, полицијата, судовите молчат. Денеска рекоа дека ќе го посипат син ми со ураниум. Тој веќе не е дете, туку тој секогаш ќе биде мој син. А јас нема и нема да дозволам да го правите тоа за ничие дете во Србија. Ќе се бориме за нормална Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм-профилот.
Тој објави и фотографија со синот Данило. И претходно тврдеше дека има закани по животот на неговите деца. Се случувало и луѓе директно да се заканат на Вучиќ, по што српската полиција ги апсеше.
