ВУЧИЌ: Србија ја уриваат оние на кои не им одговара да биде независна и стабилна
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека косовскиот премиер Албин Курти тргнува во отворено етничко чистење.
Вели дека има земји кои сакаат слабеење на Србија.
„Вооружувањето на Албанците веќе се случува, тие најмногу ја користат Турција. Разоружувањето на Србите, криминализацијата. Мора да имате послушници кои ќе ја уриваат земјата одвнатре, да имате Албанци кои тоа ќе го прават, но мора да имате Срби кои ќе зборуваат сè најлошо. Светските медиуми со денови лажат за тоа дека ќе нападнеме некого, дека лажираме избори. Погледнете колку ни се поажурни гласачките списоци од некои земји. Има артилериски оган, удри по Вучиќ секој ден. А што мислите, зошто? Ме напаѓаат дека ја чувам и штитам Србија. Е потоа мора и во централна Србија да ги најдете овие медиуми кои ќе го прават истото“, изјави српскиот претседател.
Тој вели дека плански им се врши притисок на Србите на Косово.
„Србија ја уриваат оние на кои не им одговара да биде независна и стабилна“, заклучи Вучиќ.
Вели дека на Курти му се брза од многу причини.
foto EPA