
ВУЧИЌ СПОМЕНУВА МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО: Ќе ни речеа дека не печатевме доволно учебници на бугарски јазик и дека би било добро да воведеме посебен дијалект
Aко воведевме санкции кон Русија, следното барање ќе беше учебници на бугарски јазик, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ предупреди дека Србија може да се соочи со македонско сценарио доколку почне да ги исполнува сите барања на ЕУ, па дури и да печатат учебници на бугарски јазик
„Да воведевме санкции кон Русија, следниот ден ќе побараа од нас да го предадеме Косово. Ако ги направевме и двете, ќе ни речеа дека мора да раскинеме со минатото и да уапсиме уште 500 луѓе во Србија за да „поминете низ катарзата и станете дел од нашата обединета Европа“. Ако го исполнивме сето тоа, тогаш ќе ни речеа дека не печатевме доволно учебници на бугарски јазик и дека би било добро да воведеме посебен дијалект на југ. Ако го направивме тоа, тогаш ќе речеа дека кирилицата не треба да се користи“, предупреди Вучиќ.
И претходно во изборен спот, Вучиќ користеше термин „македонско сценарио“ посетувајќи на тензиите и протестите кои ги имаше во Македонија во тоа време.

