
ВУЧИЌ СО МАКРОН И ШОЛЦ: Со најодговорните луѓе на ЕУ за дијалогот со Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ на Минхенската безбедносна конференција се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Сериозна и коректна средба со најодговорните луѓе на ЕУ за процесот на дијалог со Приштина, француско-германскиот план и нашите билатерални односи – напиша претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил.
На отворањето на Минхенската безбедносна конференција, претседателот Вучиќ се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Џозеф Борела, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Фото: Принтскрин/Инстаграм