
Вучиќ се закани на косовските власти: Немојте ни да сонувате дека ќе ги протерате или уништите Србите
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им се закани на косовските власти.
Тој на властите во Приштина им порача да „не сонуваат“ дека ќе успеат во своите намери, како што рече, да ги протераат или уништат Србите во кој било дел на Косово.
„Во тој случај ќе знаеме што ни е работата“, рече тој.
Вучиќ оцени дека зад одлуката на Владата на Косово да го отвори мостот на Ибар во Косовска Митровица стои намерата на косовскиот премиер Албин Курти да ги „протера Србите од северот на Косово“.
„Денеска окупаторскиот гаулајтер на северот на Косово и Метохија, Албин Курти, донесе одлука, само неколку дена по тие срамни, лажни избори, да го отвори мостот кој беше брана и чувар на интересите на нашиот народ во северно од Косово и Метохија, Албанците од јужниот дел да не ја заземат Северна Митровица, тоа е нивна долгогодишна идеја, сакаат конфликти по секоја цена и да ги протераат Србите“, изјави Вучиќ.
Тој рече дека Србија ќе стори „сѐ што е во нејзина моќ“ за да го зачува мирот, но дека нема да дозволи протерување на Србите од Косово.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, коментирајќи ја одлуката на советниците Албанци во Собранието на Северна Митровица за отворање на мостот на Ибар, оцени дека „окупацискиот Галејтер Албин Курти денеска недвосмислено покажа дека сака и сонува за војна и да го доведе целиот север на Косово и Метохија во конфликти“. Инаку, откако Албин Курти е премиер на Косово имало најмалку 300 напади на косовските Срби.
фото принтскрин пинк
