
ВУЧИЌ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЧЕЛНОТО МЕСТО НА СНС: Кој ќе го наследи?
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, на партиското собрание на 27 мај објави дека се повлекува од лидерската позиција и посочи дека не знае кој ќе биде негов наследник, бидејќи има три или четири имиња.
Верувам дека на 27 мај ќе избереме ново раководство на СНС. Оттогаш не треба да бидам претседател, рече Вучиќ во интервју за телевизијата Прва и додаде дека планира да формира ново народно движење за Видовдан, 28 јуни.
„Околу Видовдан го формирам Народното движење за Србија, но останувам член на СНС, иако се надевам дека ќе избереме ново раководство. Тоа движење ќе биде пошироко од СНС и би сакал да ги вклучам и оние луѓе кои не се во СНС. „Сè уште не знам кој ќе ме замени на чело на партијата, но знам дека дел од оние што ги загубија функциите ќе си заминат од СНС“, рече Вучиќ во програма на Првата телевизија.
На прашањето како ќе одговори на опозиционерите кои го оспоруваат неговиот легитимитет, претседателот рече дека ќе предложи поведување уставна процедура.
„Им требаат две третини пратеници, нека се соберат сите 85, а од СНС ќе додадам колку им треба. Кога ќе изгласаат дека мојот легитимитет е доведен во прашање, ќе излеземе на референдум да видиме дали народот сака смена на претседателот. Ќе бидам претседател се додека народот ме сака, а кога народот ќе мисли дека сум предавник, крадец и дека не се борам за нивните интереси, тогаш ќе престанам да бидам претседател“, рече Вучиќ.
Тој оцени дека дури и оние што го мразат го почитуваат и дека имајќи го тоа предвид, веќе знае какви ќе бидат резултатите доколку има референдум.
Вучиќ најави дека во меѓувреме неколкумина од СНС кои останаа без државни функции бомбастично ќе објават дека ја напуштаат партијата.
Како што објасни, тоа се луѓе кои припаѓаат на „менаџмент естаблишмент“ и кога не се на функција се лутат на целиот свет.

