
ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Во 23 часот отишол дома кај Путин и му дал необичен подарок
Српскиот претседател Александар Вучиќ раскажа за една средба што ја имал со рускиот колега Владимир Путин кај него дома.
Вучиќ на Путин му однел необичен подарок.
„Бев кај него во 23 часот, тој имаше напорен ден, дојдов во неговата куќа на периферијата на Москва и разговаравме сами. Му донесов стара икона, сега нека ја прегледа илјада пати обезбедувањеро но, рече дека не треба. Пријде и се прекрсти пред иконата“, рече Вучиќ.
Инаку, српскиот политичар Александар Вулин последниве години одеше во посета на Русија. Србија трпеше притисок затоа што не воведе санкции за Русија поради руската инвазија на Украина. Голем број Руси поради војната за да не бидат мобилизирани се доселија во Србија.