
ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ ШТО НАПРАВИЛ САМО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: „Доволно“
Многубројните телефонски разговори, средби и интензивни
комуникации со највисоките претставници на Европа и светот ја одбележаа оваа
навистина напорна работна недела,
напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на неговиот профил на Инстаграм.
-Србија
продолжува да се бори за себе и за своето место меѓу развиените земји – добивме
грант од над 600 милиони евра од ЕУ, што подобро ќе ги поврзе големите градови
во Србија со Европа и светот и ќе ги подигне стандардите во нашиот железнички
транспорт. Со емирот Ал Тани,
владетелот на Катар, разговарав за нови големи инвестиции и можности за
стратешко партнерство, што ќе даде не само посебен печат на нашите пријателски
односи, туку и дополнителен поттик за растот на Србија.
За една недела –
доволно, напиша Вучиќ.