
ВУЧИЌ СЕ НАЛУТИ: Студентите ги нарече „терористи“
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече студентите кои се на блокада „терористи“.
Одлуката на Апелациониот суд во Нови Сад да им одреди домашен притвор на тројца од шестемина опозициски и младински активисти обвинети за уривање на уставниот поредок. Ова ги налути властите, пред сè српскиот претседател, кој ги нарекува „пучисти“ и „терористи“.
Шест активисти, уапсени на 14 март, во пресрет на масовниот протест во Белград, под обвинение за подготовка на кривични дела „против уставниот поредок и безбедноста“ на Србија, се во притвор повеќе од 60 дена, а една од нив, професорката по социологија и активистка на Движењето на слободни граѓани Марија Васиќ, минатата недела почна штрајк со глад.
Лани на 1 ноември во Нови Сад се урна натстрешница и загинаа 16 луѓе, по што избија протести во Србија.