
ВУЧИЌ РЕШИЛ ДА ОСЛАБНЕ: Јаде калинки пред средбата со Фон дер Лајен
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ реши да држи диета јадејќи калинки. На снимка споделена на Тик-ток пред два дена тој објаснува дека се спрема за средбата со претседателката на Европската комисија и со претседателот на Европскиот совет за да шири добра енергија и да ослабе.
Вучиќ се сретна со Урсула Фон дер Лајен и со Антонио Кошта на вторникот на 25 март.
„Бидејќи изгледам како да ме исфрлила поплава, луѓето велат мрзлив е, има подочници до брадата, дебел е, решив, освен што сега е Велигденски пост, решив тоа да го поправам, да бидам послаб, помлад. Некој да ми кажеше дека ќе јадам калинки, немаше да му поверувам, а ова е најдобриот начин, една лажица калинка, луѓето велат дека го смалува притисокот, не верував, но сфатив, сите сфатија колку лошо изгледа и каква лоша енергија ширам. Утре во Брисел кога ќе ме видите насмеан со Фон Дер Лајен и со Антонио Кошта, немојте да се мислите дека се смеам како луд на брашно“, вели Вучиќ на снимката.
Вучиќ претходно покажуваше дека јаде сендвичи, дури и кога е во странство.

