
ВУЧИЌ ОД ДАВОС: Со каков напиток се подготвуваше за средбата со Фон дер Лајен?
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од Давос како се подготвува за средба со претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен.
„По синоќешната раклет, наместо ручек, чај од нане и ментална подготовка за средбата со Урсула фон дер Лајен“, пишува тој на Инстаграм.
Со неа зборувал за важни теми.
„Одличен и важен разговор со Урсула фон дер Лејен за геополитичките предизвици и стратешки важни прашања за Србија, со фокус на плановите за имплементација на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој треба да ги зајакне и приближи нашите економии и општества. Србија е подготвена најдобро да ја искористи оваа помош на патот на модернизацијата и изградбата на кој одиме, а особено ѝ се заблагодарив на претседателката на Европската комисија за нејзиниот личен ангажман и разбирање за состојбите во регионот и поддршката за нашата европскиот пат на земјата“, рече претседателот.
Претходно, објави фотографија од снешко во Давос кој го направил со српски елементи.
фото: принтскрин Инстаграм
