
ВУЧИЌ: ОЧЕКУВАА ДЕКА ЌЕ ГО ИЗБРИШАТ ПОДОТ СО МЕНЕ – Видовте насилство и дивеење и никој не беше исклучен
Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ вечерва во гостување во емисијата „Прва тема“ на ТВ Прва, ја коментираше вонредната седница за Косово и Метохија.
Тој вели дека по четврти пат учествувал на расправата во Собранието, а некои очекувале со него да го „избришат подот“, но тоа не се случило.
– Фактите и резултатите најдобро зборуваат. Сепак, интересно е што никој не забележал. Се сеќавате кога имавме обични дискусии во Собранието, порано, без присуство на претседателот, тогаш претседателите на парламентот исклучуваа цели пратенички групи. Сега видовте насилство и дивеење на цели пратенички групи, обиди за физички напади, а никој не е исклучен или предупреден од седницата. И никој не треба да каже дека ова е некаков прогрес во однос на процедурите, бидејќи никој не сакаше никого да исклучи од важната дискусија – рече Вучиќ.