
ВУЧИЌ НАПРАВИ ТОРТА –„ОВА Е ПРИМЕР КАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ УКРАСУВА“: Српскиот претседател се пошегува
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во
рамките на посетата на Срем го посети производствениот капацитет на компанијата
„Stamevski – Moj slatkiš“. На својот
профил на Инстаграм објави како тој самиот прави торта, но се пошегува на
негова сметка дека декорацијата не му е баш најдобра.
-Мирисот
на домашни колачи и топол леб, направен од рацете на старите пекари, секогаш ве
враќа во некои добри, безгрижни и убави времиња.
Им благодарам на прекрасните и вредни домаќини кои ми
покажаа како се прават овие врвни слатки, на кои не можев да одолеам.
А тортата што се обидов да ја декорирам сигурно ќе остане
како пример како тоа не треба да се прави!