
Вучиќ најави обвинение за Радојчиќ, организаторот на нападот во Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по завршувањето на истрагата српските власти ќе покренат обвинение против Милан Радојчиќ, организаторот на нападите во Косово во Бањска.
Тој додаде дека Радојчиќ предизвикал општа опасност со доставување и криење на оружје на разни места, како и тоа дека воените и цивилните власти ги истражуваат околностите на настанот во Бањска и оти јавноста ќе биде информирана за резултатите од истрагата. Институциите во Косово и Србија спроведуваат одделни истраги за настанот.
„Обвинителството го гони за тешки кривични дела кои самиот ги призна. Истрагата ќе продолжи и потоа ќе има обвинение. Тоа ќе покаже од каде доаѓаат парите и нелегалното оружје. Откривањето на тоа е наша меѓународна обврска и тоа ќе биде направено“, рече Вучиќ.
