Вучиќ му подари рекет од Ѓоковиќ на Зедер, a доби лименка пиво!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на премиерот на Баварија, Маркус Зедер, кој е во работна посета на Белград, му го подари рекетот на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.
Како што е објавено на Инстаграм профилот на будуќнострбијеав, Вучиќ на Зедер му го подари рекетот на Новак Ѓоковиќ, а премиерот на Баварија на претседателот на Србија лименка од познатото баварско пиво.
„Сите се гордеат со своето најдобро – малку пиво, некои спортисти. Му покажавме на Маркус Зедер што е српско гостопримство и му го подаривме рекетот на најдобриот тенисер во светот. Ќе се снајдам некако со кригла славна баварска пиво“, напиша Вучиќ.