
ВУЧИЌ ИМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ИЗВОЗОТ НА ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА: „Што сакате од нас, да ги затвориме фабриките?“
Говорејќи за
извозот на оружје во Украина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави
дека Србија не извезла и нема да извезе муниција и оружје во таа земја. Коментирајќи
го истражувањето на Ројтерс, тој рече дека не постои документ што може да го
покаже тоа.
„Овде има нешто друго. Дали ќе се појави на двете страни на
бојното поле? Тоа е сосема сигурно затоа што продаваме муниција. Но, ние
продаваме на овластени крајни корисници, а не на Украина и Русија. Затоа што
кога ќе продадете нешто на некого во Турција, тоа може да заврши на двете
страни од бојното поле, кога ќе продадете нешто на Шпанија и Чешка, тогаш
знаете каде може да заврши. Дали им продаваме оружје и муниција на Украина и
Русија? Не, ниту ќе продаваме и многу сме внимателни околу тоа. Ако забележавте,
не ни реагирав затоа што веќе 10 пати зборував за ова. Тој мизерен, злобен и
корумпиран пристап на одредени политичари и нивните медиумски гранки е толку
патетичен. Нивната цел е само да ја уништат позицијата на нивната земја и ништо
повеќе. Ниту знаат, ниту имаат, ниту се грижеле за вистината“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија праша дали решението е фабриките да
пропаднат.
„Сакате да вие да одите во Лучани и да им
дадете плата? Сакате да одите во Ужице, Чачак, Ваљево, Крагуевац и да им
објасните на луѓето зошто немаат плата. Што сакате? Дали сега, кога бизнисот оди најдобро, да кажеме дека ништо не
продаваме, туку да чекаме да има мир во светот и кога бизнисот не оди добро, па
во меѓувреме сите наши фабрики да пропаднат? Која е поентата на сето ова? Да се
укинат сите фабрики, за да не ни објавуваат будалите секој ден како виделе
граната или куршум на едно место. И каде треба да се појави? Не купувате
муниција за да ги закачите на
потпетици и штикли од чевлите. Знаете, се користи во војна за убивање
луѓе. Воопшто не разбирам кој е мотивот за ваква силна кампања“, праша Вучиќ.
ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
