
Вучиќ го прошета Ковачевски покрај Сава: Му покажувам на пријателот колку се изградил Белград
Премиерот Димитар Ковачевски од денеска е во официјална посета во Србија каде што од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ прошета покрај Сава, низ проектот „Белград на вода“.
„Велат дека за време на добра прошетка се смислуваат најдобрите планови, се водат најпријатните разговори. Додека на пријателот Димитар Ковачевски му покажувам колку се изградил Белград, разменуваме и мислења за ширење на иницијативата Отворен Балкан, ЕУ патот на нашиот регион, положбата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката мапа на Европа и светот, но и околу плановите за претстојните средби и новите проекти за поврзување“, напиша Вучиќ.
