Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вучиќ: Eдинствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“
Регион

Вучиќ: Eдинствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“

13/04/2023

AA

Единствената цел на Приштина се провокации за да нè вовлечат во војна со НАТО, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата е на средба со Србите од Косово во Рашка, им порача да се почитуваат одлуките што ќе се донесат на средбата и дека единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Знам дека донесовте одлука да не учествувате на изборите. Ги повикувам сите во КиМ да се обединат. Повик до сите како што сте донеле одлука така и да се однесувате и да го почитувате тоа“, рече Вучиќ во Рашка.

Тој додаде дека локалните избори во четири општини на северот на Косово значат дека 99 отсто од граѓаните не се прашуваат ништо. Вучиќ иронично изјави дека „претпоставува дека ова е демократија која, ако ја загрозиме, ќе бидеме тирани и ја нарушуваме стабилноста на Балканот“. Тој вели дека косовскиот премиер Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО). 

Деновиве косовски полицаец пукал во Србин од Звечан, по што вчера имаше протести на Косово. Тие испратија порака до Европа дека Албанците пукаат во Србите на Косово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy