
ВУЧИЌ Е ЗАГРИЖЕН: Косово ќе го укине динарот
Koсово ќе го укине српскиот динар. Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека најавата на Приштина за укинување на динарот во Косово е загрижувачка. Таа ќе предизвика проблеми за Србите на Косово.
„Најавата што ја добиваме од Приштина дека се подготвени да размислуваат за откажување на платежните трансакции со централна Србија, односно забрана за користење на динари, да упаѓаат во нашите пошти во јужната српска покраина, не само што загрижува, туку ги доведува во прашање сите процеси, и нормализација и дијалог“, изјави Вучиќ.
Тој, како што пренесува Бета, рекол дека ова ќе биде клучната тема на средбата што ќе ја има вечерва со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.
Српскиот претседател оцени дека утре ќе биде „најтешкиот ден“ во Давос – со многу неформални средби за Западен Балкан и светот, на кои ќе учествува и групата функционери од Србија кои се таму со него.
