
ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?
Фирмите во Србија вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“. Сепак, тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други држави.
Српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора кажа дека ќе им требаат уште работници.
„Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија“, рече Вучиќ.
Србија формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9 отсто.
