
Второто мислење ги израдува „каталонците“: Повредата на Педри, сепак, не е толку сериозна
Второто лекарско мислење покажа дека има повреда на задната ложа, но не на местото каде што беше повреден лани што ја олеснува работата околу рехабилитцијата. Младиот фудбалер веќе ја почнал рехабилитацијата и се очекува да се врати кон крајот на април и да го доигра остатокот од оваа сезона.
Тоа е позитивна вест и за шпанската репрезентација пред Европското првенство во Германија каде Педри би можел да настапи.
