
Второлигашот Беса ги промовира Арменд Алими и Бурим Садики (ФОТО)
Уште во минатата недела беше најавено дека овој двоец ќе биде сериозно засилување за Беса, која во изминатата сезона го освои шестото место, па денеска двајцата фудбалери и официјално се нови членови на клубот од гостиварски Добри Дол.
Алими со Шкендија освои три титули, доаѓа како слободен играч и е сериозно засилување за средниот ред, плус и со интернационално искуство во хрватска Истра, шведски Оребро и кипарските Неа Саламис и Ермис.
Садики цела деценија играше во Ренова, по што замина во второлигашот Арсими откако ланското лето „гипсарите“ се повлекоа од прволигашката конкуренција и го расформираа сениорскиот погон. Садики е надополнување на средниот ред на Беса.