Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Второ финале за пет години: Хрватска  ќе се бори за пехарот во Лига на нации! (ВИДЕО)
Спорт

Второ финале за пет години: Хрватска ќе се бори за пехарот во Лига на нации! (ВИДЕО)

14/06/2023

AA

Третата светска селекција, Хрватска после бронзата во декември во Катар дојде до свое второ финале во историјата по мундијалското во 2018 година и ќе се бори за пехарот во Лигата на нации откако во Ротердам вечерва по продолженија го победи домаќинот на фајнлфорот Холандија со 4-2 (2-2 по 90 минути).

Можеше Хрватска многу побрзо да дојде до финалето и до битката за пехарот, но Ноа Ланг во 96-та минута ги извлече „лалињата“ од бездната. Сепак, „коцкестите“ со два гола во дополнителните половина час фудбал, успеаја да го направат првиот чекор кон прво фудбалско злато во историјата.

Бруно Петковиќ со супер-гол од преку 20 метри во 98-та минута на Хрватска ѝ донесе нова предност, а Лука Модриќ во 116-та од пенал само ја потврди големата победа после која го чекаат победникот утрешниот дуел помеѓу Шпанија и Италија.

Андреј Крамариќ во 55-та од пенал израмни откако капитенот Лука Модриќ изнуди удар од белата точка, а потоа Марио Пашалиќ го комплетираше пресвртот со гол во 72-та минута, само неколку минути откако Иван Перишиќ промаши колосална шанса за втор гол и сѐ до 96-та минута Хрватска имаше финале во рака, но Ланг ги шокира со израмнување секунди пред крајот, откако Холанѓаните по 34-та минута беа во водство со гол на Данел Мален.

Хрватска со ова финале само потврди дека е вистински крем во фудбалот зашто од Русија наваму од четири големи натпреварувања веќе имаат два медали од мундијалите и сигурен медал и од оваа Лига на нации, но круна на сѐ би било неделно крунисување за најдобри во Лигата на нации, посебно за великанот Лука Модриќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy