Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола – Меџитлија
Магазин

Втора жртва за неколку дена на обновениот пат Битола – Меџитлија

27/09/2023

AA

 

БИТОЛА – Почина 26 годишното момче од село Кравари кое пред една недела возејќи мотор доживеа тешка сообраќајка на патот во обнова Битола – граничен премин Меџитлија. Ова е втора жртва на патот за период од десет дена, откако на 16 септември во вечерните часови, 42-годишен маж излета со возилото од коловозот и почина на лице место.

И двете жртви се жители на битолското село Кравари. Мештаните видно потресени велат дека ова се трагедии кои селото го завија во црно, страдаат млади сожители, кои оставаат дома деца сираци. По овие несреќи бараат ограничување на брзината на патот пред училиштето.

Лекарите една недела се бореа за животот на младиот мотоциклист по здобиените тешки телесни повреди при судир во автомобил. Поради сериозноста на повредите беше хоспитализиран на клиниките во Скопје, бил во кома со повреди на главата, а вчера почина.

„На 20.09.2023 во 20,22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘рено’ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.В. (45) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.К. (26) од село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило ‘опел’ со битолски регистарски ознаки, сопственост на О.К. од Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираше Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Бурни се реакциите во битолската јавност за двете трагедии на патот кој е во рехабилитацијата и за кој важи времен режим на сигнализација.

И од германската компанија „Кромберг и Шуберт“ чија фабрика е на овој патен правец преку соопштение апелираат:

„Во овој период сѐ уште се извршуваат работни активности за реконструкција на патниот правец Битола – Меџитлија по кој што сите ние секојдневно се движиме и тој сѐ уште  е несоодветно обележан, а исто така и временските услови се менуваат. Поради тоа сакаме да упатиме апел до сите да се движиме и да возиме согласно моменталната ситуација на овој патен правец, најважно да прилагодиме и намалиме брзина, да внимаваме на возилата кои се движат од спротивен правец, да внимаваме на малку поставената сигнализација од страна на изведувачот. Подобро во овој период сите да тргнуваме малку порано или подобро да задоцниме до посакуваната дестинација, наместо да има поголеми штети или жртви.“

Апелот е испратен до МВР, Министерство за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и Општина Битола.

„Ги замолиме сите релевантни институции да се направи што побргу соодветна сигнализација и обележување на овој патен правец паралелно со изведувањето на активностите, да се преземат соодветни безбедносни мерки кои се пропишани за ваков тип на изведба, затоа што одговорноста се покажува преку грижата за најважните – луѓето!“, порачуваа од фабриката, бидејќи во голем дел од сообраќајките на овој патен правец учесници се нивни вработени.

И општина Битола испрати писмо до Јавното претпријатие за државни патишта со напомена да се преземат итни и неодложни мерки за безбедност на возачите бидејќи само на работа преку тој патен правец секој дена патуваат околу 6.000 работници од ИЗ „Жабени“.

Во писмото општина Битола наведува дека „треба да се преземат итни и неопходни интервенции и корекции на висинските разлики, односно прилагодување на нивото на патот со банкините, поставување на соодветна сигнализација и обележување на патот“.

Од Јавното претпријатие за државни патишта повикуваат возачите да ја почитуваат времено поставената сигнализација на патот кој се уште е во изведба и ќе биде завршен до крајот на октомври.

„Таму имаме посебна сигнализација каде брзината на возење е на 30 километри на час. Има места каде што нема втор слој на асфалт и сега се поставува, токму заради тоа и заради не завршениот пат кој треба да комплетира и по краевите не смее да се вози над дозволената брзина. Ако се вози по пропис нема да дојде до сообраќајки“, порачува директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми во вчерашната изјава за „Независен“.

За период од две недели додека трае рехабилитацијата на патот Битола -Меџитлија, грчка граница се случаја четири сообраќајни несреќи од кои две со жртви.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy