
Втора победа на Вардар – освоен и Охрид
Вардарци поведоа со 8-2 на стартот на мечот, но домаќините не се предадоа и до полувреме имаа три негатива (12-15), а во вториот дел откако црвено-црните повторно дојдоа до голема предност (18-13), успеаа да се вратат на гол негатива, прво на 20-21, а потоа со серија од два гола и на 22-23 на шест минути пред крајот.
Но, една одбрана на Мартин Томовски и два гола на Георгиевски и Куни Моралес повторно ја вратија предноста на Вардар и тука заврши обидот на Охрид да се избори за сензација.
Филип Талески со осум гола и Дејан Манасков со пет беа најефикасни кај вардарци, додека Каракоч даде пет како најефикасен во редовите на Охрид.