Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите, ќе добијат ли линеарно покачување?
Македонија

Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите, ќе добијат ли линеарно покачување?

12/09/2023

AA

Работната група за нови мерки за пензионерите денеска одржува втор состанок, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Според неа, се работи интензивно и споделени се сите материјали и анализи на ресорното Министерство и останатите институции.

Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека очекува многу бргу да се подготват предлог мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, како и нова законска одредба или нов закон за минимална пензија до крај на годинава.

-Се даде една недела да се размислува за можни мерки со коишто би се подобрил животниот стандард на пензионерите како и размислувања за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување или пак носење на посебен закон за минималната пензија. Очекуваме многу бргу да ги имаме предлог мерките со коишто би го подобриле животниот стандард на пензионерите, да креираме социјални мерки. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ја имаме и законската одредба или пак нов закон зависно од дискусиите во рамки на работната група за минималната пензија, изјави Тренчевска, по конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западен Балкан – Меѓународни стандарду и пракса на судовите“.

Првиот состанок на работната група формирана со одлука на Владата за изработка на законот за минимална пензија се одржа минатата недела. Одлуката за формирање на Работната група беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy