Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Кривичен сведочат вештаци за Ласкарци
Македонија

Во Кривичен сведочат вештаци за Ласкарци

12/09/2023

AA

Повеќе верба даваме на материјалните докази, отколку на изјавите, нив ги анализиравме во смисла дали е можно, не е можно, потврдено, претпоставено, и така натаму, изјави вештакот Љупчо Постолов во врска со анализата на движење на автобусот во случајот за несреќата кај Ласкарци.

Ова беше одговорот на прашањето од јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, дали ги земале предвид исказите на сведоците кои биле будни и кои даваат објаснување какво било движењето во првиот дел од од патот.

Според вештакот, автобусот не ја прател постепената блага кривина и од тие причини дошло до таа појава.

-Повеќе пати одевме и проверуваме и своите животи ги стававме во опасност. Главното беше кога сообраќајот беше регулиран од страна на припадниците на МВР, рече вештакот, образложувајќи како дошле до заклучоците од супервештачењето.

Според Постолов, можело да има реакција за сопирање со насочување на воланот кон десно.

-Од сето тоа ние заклучивме дека возачот на автобусот не реагирал, иако имал можноста, односно освен со нога, можел да реагира со рака, раце, за времетраење од 0,5 секунди, а од првата трага до ударот во првата ограда поминале 1,67 секунди што укажува дека возачот имал доволно време да реагира, рече вештакот.

Во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ ЕДЕН ПРАТЕНИК, ЕДНО ДРЖАВЈАНСТВО Предлогот е

22/04/2026
Македонија

Трендафилов: Укинувањето на еден колективен договор е закана за сите

22/04/2026
Македонија

📷 📽️ КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО СИМУЛИРАНА АКЦИЈА Тревога, движење,

22/04/2026
Македонија

ЛДП предлага сите именувани функционери да имаат само едно државјанство,

22/04/2026
Македонија

Промоција на книгата „Низ детските очи“ од Маја Богоевска на

22/04/2026
Македонија

Жителите на Водно со ултиматум: Блокади на улиците ако не

22/04/2026
Македонија

ЛДП БАРА И МИНИСТРИ И СУДИИ ДА НЕМААТ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

22/04/2026
Македонија

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42761
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy