
Втор пораз за домаќинот: Струга загуби убедливо и од ПАОК
Домаќинот водеше голема борба во првото полувреме, додека ПАОК се обидуваше да создаде солидна предност, меѓутоа Струга не дозволи такво нешто и на полувреме замина со 12-12.
Струга, сепак, имаше проблеми во второто полувреме каде што постигна само седум погодоци, додека ПАОК беше расположен во нападот и триумфира со 27-19.
Најефикасен кај Струга беше Летиќ со шест голови, додека Јоанун постигна шест погодоци за ПАОК.