
Втор ден претседателски избори во Русија
Денеска е вториот ден од претседателските избори во Русија. Доколку Владимир Путин победи на гласањето, неговото владеење ќе биде продолжено за уште шест години.
Властите во Москва предупредија на протести за време на претседателските избори на 15-17 март, откако опозицијата повика на демонстрации против Путин.
Кремљ тврди дека гласањето ќе покаже дека земјата целосно го поддржува нејзиниот напад врз Украина, а избирачките места се поставени на териториите под контрола на Русија.
Првиот ден од гласањето на претседателските избори во Русија беше нарушен со вандализам на избирачките места, при што беа уапсени најмалку девет лица кои ги полиле гласачките кутии со боја и подметнат пожар. Властите предупредија дека на демонстрантите на денот на изборите им се заканува строга казна.

