Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА
Македонија

Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА

10/04/2023

AA

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј.

Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија.

Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во Црквата, архимандрити на Вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од Скопската епархија, Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од Струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на Вселенскиот патријаршиски трон.

Во обраќањето по свештените ракопроизведувања и одликувања, патријархот Вартоломеј упати повик до свештенството да застане околу светата Трпеза на Сечесниот патријаршиски храм и да се причести со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта.

– Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Северна Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на вселенскиот патријарх, Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви, порача вселенскиот патријарх.

Г.г. Вартоломеј потенцира дека во случајот со нашата Црква, Вселенската Патријаршија повторно „како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Северна Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет“.

– Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир, потенцира патријархот Вартоломеј.

Тој потсети дека ова чествување се случи минатата година на празникот на Педесетницата во Истанбул, кога архиепископот г.г. Стефан, „многувозљубениот брат дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји“.

– Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности, додаде патријархот.

Возвратна благодарност кон неговата сесветост, упати епископот стобиски г. Јаков, кој ја предводеше црковната делегација на Имврос.

– Ваша Сесветост, браќа архијереи и благословен народе Божји, Ви го пренесувам поздравот од нашиот Блаженејши Архиепископ Стефан и на сите други епископи на нашата света Охридска Архиепископија, коишто Вашето срце многу добро ги знае, а коишто имаат нераскинлива врска со Светата Гора – Атонска, којашто е под Ваша духовна и молитвена закрила. Се молиме Бог да Ве укрепи во Вашиот подвиг, на сите да им станете сè и да се надминат веќе сите поделби и во се да биде Христос, потенцира епископот Јаков.

Тој се заблагодари во име на отците за доделените одликувања, нагласувајќи дека патријархот не ги одликувал само нив, туку и „сите генерации на свештеници и на отци коишто ја чуваа чистотата на верата апостолска и светоотечка во Охридската Архиепископија“.

– Се надеваме на Вашите свети молитви, а Вие сте веќе во нашите секојдневно, додаде епископот стобиски Јаков.

Инаку, на турскиот островот Имврос, покрај многубројните значајни личности за црковната историја, е роден и сегашниот вселенски патријарх и архиепископ на Константинопол, г.г. Вартоломеј.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy