Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врнежите снег предизвикуваат проблеми во сообраќајот, воведена забрана за камиони на неколку патни правци
Македонија

Врнежите снег предизвикуваат проблеми во сообраќајот, воведена забрана за камиони на неколку патни правци

20/01/2024

AA

Врнежите од снег од утринава предизвикуваат проблеми во сообраќајот на државните патишта, а на неколку патни правци воведена е и забрана за автобуси и тешки товарни возила.

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

Забрана за ТТВ е воведена и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар.

Забрана за автобуси од 05:00 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимската опрема (ланци).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до учесниците на сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

– Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни, велат од ова јавно претпријатие.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy