
„Врнат“ голови во Ријад – Реал и Атлетико постигнаа четири за едно полувреме (ВИДЕО)
По 45 минути игра во Ријад, резултатот е 2-2, а интересно е тоа што три од четирите гола постигнаа одбранбени играчи. Отвори Хермосо во седмата минута, одговорија Ридигер и Менди, а второто израмнување го донесе Антоан Гризман, единствениот напаѓач меѓу нив.
Двете екипи уипатија вкупно 14 удари од кои девет во рамките на голот и ако вака продолжат, следува фантастично второ полувреме.