Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врховен ги одби барањата на осудените за убиството на Денис Тот
Магазин

Врховен ги одби барањата на осудените за убиството на Денис Тот

09/02/2024

AA

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата на одбраната за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

По предметот по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, како што информираат од Врховен, одлучувал Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија.

– Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ.,  К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, се вели во соопштението од Врховен суд.

Апелација во јули минатата година ја одби жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски како неоснована, додека жалбите на обвинетите Андреј Костовски и Клементина Левковска делумно ги уважи и го преиначи досудениот износ на име нематеријална штета.

– Апелациониот суд Скопје, во интерес на јавноста и медиумите, информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-224/23 , а по одржана Јавна седница на 15.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Ѓ. е одбиена како неоснована, додека жалбите на обвинетите А.К. и К.Л. се делумно уважени, на начин што пресудата на Основниот кривичен суд, се преиначува и по однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т.Т., да и исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И.Т., татко на починатиот, додека на Б.Т., брат на покојниот, му е досудена исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Согласно пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда, стои во соопштението од Апелација.

Бранителите на обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот своевремено од Апелација побараа повторување на постапката. Тие сметаа дека пресудата е неоснована поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на Кривичниот законик и одлуката за кривичната санкција.

Обвинителството, од друга страна, предложи жалбите да се одбијат како неосновани, бидејќи, според нив, фактичката состојба е правилно утврдена.

Првостепената пресуда останува иста во делот на изречената затворска казна со која Основниот кривичен суд Скопје во ноември минатата година, ги осуди Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска по 18 години казна затвор, а Андреј Костовски на 16 години за убиството на хрватскиот ракометар кој почина на 8 април 2022 откако бил претепан од обвинетите пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. 

Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy