
Времето во следните денови стабилно и топло со пораст на температурите до 39 степени!
Времето во следните денови ќе биде стабилно и топло. После изминатите денови нестабилно и врнежливо време, особено во попладневните часови, почетокот на летото носи стабилно и потопло време. Максималната темепратура во следните денови ќе оди до 39 степени, особено во четврток и во петок од идната седмица.