
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дожд! Од петок доаѓа невреме!
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕНСКА НАЈАВА
Утре и во четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, особено во четврток. Утре долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.
Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.