Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вредноста на Хојлунд за година и пол порасна за – 42 пати!
Спорт

Вредноста на Хојлунд за година и пол порасна за – 42 пати!

29/07/2023

AA

Данецот Расмус Хојлунд за краток период стана хит на фудбалскиот пазар, кој ја допре својата кулминација вечерва, кога, неофицијално, Аталанта се договорила за трансфер во Манчестер јунајтед.

Момчето родено во Копенхаген не дека нешто претерано блесна во дресот на Аталанта, но имаше пристојна сезона со десет гола и четири асистенции, па кога тоа ќе се додаде на неговите 20 години цената на пазарот почна вртоглаво да расте.

Според Фабрицио Романо, Манчестер јунајтед ќе ѝ плати на Аталанта 70 милиони евра плус непозната сума во бонуси, но според „Скај спортс Италија“ отштетата ќе изнесувала 75 милиони евра плус 10 милиони евра на основа на бонуси поврзани со неговите настапи.

Ако ја земеме оваа сума како вистинита, доаѓаме до заклучок, дека ова момче доживеа нереален раст на фудбалската берза само во рок од 18 месеци, од моментот кога ја напушти Данска. На 18 години и 11 месеци замина од Копенхаген во Штурм Грац за 1.95 милион евра, во јануари 2022, за пола година подоцна, Аталанта да плати 17,2 милиони за неговите услуги.

Само една сезона со тимот од Бергамо и шпицот со робусна физиономија (191 сантиметар висок) еруптира, па сега калчолигашот ќе инкасира 500 проценти добивка од тоа што го плати за него, но и 42 пати повеќе од неговата пазарна вредност кога стана интернационалец. Колку и да се важни головите и резултатите, во модерниот фудбал и парите одредуваат колку некој вреди, па Хојлунд ќе биде и тоа како следен во новата сезона за да се процени дали ревносниот напредок е мит или вистина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy