Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРЕДНИ СЕ КАКО ГРАНИТ АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – кој плати 470 илјади евра за акционерски пакет од 0,83 проценти на моќната градежна компанија
Економија

ВРЕДНИ СЕ КАКО ГРАНИТ АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ – кој плати 470 илјади евра за акционерски пакет од 0,83 проценти на моќната градежна компанија

01/12/2023

AA

Македонската најмоќна градежна компанија
„Гранит“ е дефинитивно интересна за инвеститорите, а купувањето нејзини акции
станува се почеста практика на Берзата, дали преку блок трансакции, или преку
редовните тргувања на пазарот на капитал.

Вчера нова блок трансакција со акциите на оваа
успешна градежна компанија осамна на веб страницата на Македонската берза. 
Според податоците од Берзата, биле продадени
25.417 акции на ова акционерско друштво, по цена од 1.145 денари за акција.
Вкупната вредност на блок трансакцијата е близу половина милион евра, или
прецизно 473 илјади евра. 
Ова значи дека преку Берзата за познат
купувач се продадени акции вредни 473 илјади евра. Овие пари, пак, некој ги
платил за да се стекне со пакет од 0,83 проценти, или близу еден отсто од
акционерскиот капитал на компанијата, колку што покажуваат пресметките во однос на вкупниот број акции.

Инаку, постигнатата цена од 1.145 денари за
акција е повисока од цената од 1.135 денари за акција по која акциите се
тргуваа на редовниот пазар на 29 ноември оваа година.

Кој е купувачот на овој солиден акционерски
пакет ќе се знае кога тоа ќе го објави или самата компанија, или веројатно во
понеделник кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја објави најновата сопственичка структура, па ќе се види дали имало промени кај акционерите со над пет проценти.  

Инаку, веќе објавивме дека пред околу една
недела,
Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор
на
ова
акц
нашата најголема и најмоќна градежна компанија
„Гранит“ се стекна со 11.731 обична акција на ова акциконерско друштво. Според нашите пресметки, станува збор за мал процент од капиталот
на компанијата, или за нецел половина процент, односно прецизно 0,38 отсто. С
поред графиконот на Берзата, тие
акции биле купени на редовното тргување на 17 ноември, по цена од 1.170 денари
за акција.

Како што пишувавме, Страшо Милковски, иако својот акционерски пакет своевремено им го
пренесе во наследство на своите две деца, се уште поседува извесен процент
акции, а лани купи исто така 0,6 отсто од акциите на градежната
компанија. Сепак, тој поседува помалку од пет проценти од акциите на компанијата.

Според последната состојба објавена на Централниот депозитар за
хартии од вредност, најголеми доминантни акционери во компанијата „Гранит“ се
Зоран Милковски, син на Страшо Милковски и во моментов генерален директор на
компанијата, а кој според последната објава на ЦДХВ поседува 9,10 отсто од
капиталот, како и неговата ќерка Ивана Милковска-Симева, која располага со 8,84
проценти. Овие акции тие ги добија како наследство од својот татко. 
Покрај
нив акционер во компанијата е Бард коп од Белград, која има
во свој посед 5,06 отсто од акциите, додека 9,81 отсто од акциите кои
фигурираат како акции на компанијата. 

Инаку, „Гранит“ во првите девет
месеци годинава наплати еден милион евра од дивиденда на своите акции
во Комерцијална банка. Оваа градежна компанија, како што е познато, во Комерцијална банка купи поголема количина акции, но помалку од 5 отсто, во втората половина на
2017 година. Од оваа перспектива, по шест години, од купувањето на акции
излегува дека направиле добра зделка.

„Гранит“ беше и еден од партнерите на бизнисменот Кочо Анѓушев во изградбата на хидроцентралите на неговата компанија, а ова Анѓушев со особена благодарност го истакна на прославата на 20 години постоење на неговата групација „Фероинвест“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy