
Вреди зема пратеник од Европски фронт, сега имаат по 8 мандати
Претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Александар Даштевски вчера ги соопшти резултатите по прегласувањето на седум избирачки места. Даштевски вели дека и Европскиот фронт и коалицијата Вреди освоиле по 8 мандати, што значи дека Вреди зема мандат од Европскиот фронт. Во 5-та изборна единица пак резултатот останува ист. Даштевски додаде дека течат роковите за жалба.