
“ВРЕДИ”: Ставовите на СДСМ и ВМРО се враќање во 1990
Коалицијата Вреди преку соопштение вели дека иницијативата за избор на Претседател на Република Северна Македонија во Собрание не е моноетничка, туку политички рационален пристап.
Според нив, ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ контра определбата на “Вреди” се враќање во 1990, времето кога се доживуваше како трагедија Албанците да обавуваат највисоки државни должности.
„Нивниот ортак ДУИ едно зборува а друго прави. Ако навистина се залага за Прв Претседател Албанец треба на јавноста да и објасни зошто не ја подржа кандидатурата на Арбен Таравари и зошто се обидува да ја минира можноста Албанците да имаат шеф на државата во 2024. Поставуваме јавно прашање за кои кругови служи Али Ахмети со одлуката да го распарчи албнското гласачко тело.
“Вреди” во коалиција со Албнскиот Народ ќе ги порази и последните остатоци на удбашките “апартхејд” политики“, велат од Вреди.

