Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРЕДИ: Лажната проамериканизација на ДУИ се вика „Сергеј Лавров гостин на Бујар Османи“
Македонија

ВРЕДИ: Лажната проамериканизација на ДУИ се вика „Сергеј Лавров гостин на Бујар Османи“

18/03/2024

AA

Од коалицијата Вреди велат дека како што одминува времето сè повеќе се убедени дека слоганот на ДУИ „Да за Европа – не за Русија“ во себе крие страв од срамот на откривање на вистинските руски врски на Демократската унија за интеграција.

„Сакајќи да се преправаат дека се што е можно позападни и проамериканци, се чини дека нивната потсвест ги изневерила, така што во слоганот на кампањата ја проектирале реалноста на она што се крие под името ДУИ.

Јавноста многу добро знае, но само ги потсетуваме дека токму високи експоненти на оваа партија се луѓе за кои постои сомневање дека имаат врски со антиамериканските кругови и за тоа има опипливи факти. Токму градоначалникот на Струга, кадар на ДУИ, Рамиз Мерко е ставен на американската црна листа поради корупција и злоупотреба на правдата. Но, тој не е единствениот. Поранешната градоначалничка на Општина Тетово и до вчера потпретседател на ДУИ, Теута Арифи, и понатаму останува запаметена како соработничка на бизнисменот со руски врски, Дака Давидовиќ, кој исто така е на американската црна листа. Дури, според нашите информации, Теута Арифи е одбиена за амбасадор во САД и во Брисел токму поради овие пропусти. Мендух Тачи, блискиот соработник на Али Ахмети и понатаму е на американската црна листа.

И, како да не е доволно, токму кандидатот за претседател на ДУИ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како претставник на Али Ахмети беше човекот кој во Будимпешта преговараше со Никола Груевски за негово враќање, а тој самиот стана и домаќин на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, така што стана првиот и единствениот кој ги отвори вратите на Русија да дефилира во Европа по нејзината агресија во Украина. Лажната проамериканизација на ДУИ се вика „Сергеј Лавров гостин на Бујар Османи“.

Судејќи од погоре кажаното, можеме да заклучиме дека нема подобар доказ дека ДУИ ги губи изборите од нивната очајна теза дека изборите на 24 април и 8 мај годинава се избори на кои граѓаните треба да избираат меѓу Америка и Русија. Вистината е дека на овие избори граѓаните мора да одлучат меѓу проевропската коалиција ВРЕДИ и корумпираната елита на ДУИ, кои НЕ ВРЕДАТ ништо, затоа што веќе 20 години ги држат во заложништво Албанците од Северна Македонија.

Во меѓувреме, наративот со рускиот гогол најмногу зборува дека служи како уште еден симптоматичен показател дека ДУИ подготвува политичка криза за да го спречи признавањето на сигурниот изборен пораз.

Како и да е, сите овие соништа исчезнуваат вечерта на 8 мај, а од 9 мај веќе не им користи ниту скапата медиумска пропаганда, ниту празните прозападни флоскули“, велат од Вреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy