
ВРЕДИ ЌЕ ИЗБИРА ЛИДЕР МЕЃУ МЕЏИТИ И КАСАМИ Коалицијата разгледува креативни решенија по европски модел

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на Вреди.
– Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија – рече Меџити.
.
