Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВРЕДИ: ДУИ те убива ноќе, а плаче дење!
Македонија

ВРЕДИ: ДУИ те убива ноќе, а плаче дење!

12/03/2025

AA

Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје, велат од ВРЕДИ во соопштение.

„Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот принцип: „Со еден обвинител помалку Албанец, не се оди во рајот“.

Судскиот совет и целата таа група, која сѐ уште е на своите позиции, ја уништија довербата во правосудството, сведувајќи ја на само 2%!

Селим Адеми – инволвиран во скандалот „Таргет-Тврдина“. Неговиот близок соработник, Енвер Беџети, го спаси Сашо Мијалков и заврши на црната листа на САД заедно со Артан Груби! Денес Мијалков се вози со Ферари во Монте Карло, додека Албанците чекаат правда!

Од друга страна, МВР разоткри огромен криминал на кланот на Али Ахмети! Во сојуз со луѓето на Груевски и Мијалков, испумпаа 10 милијарди денари преку нафтената мафија! Мазут и токсично масло се внесуваа на пазарот, труејќи ги граѓаните, додека валканите пари се делеа меѓу нив!

И сега, кога им се заканува крајот, измислуваат политичка криза и повикуваат на бојкот! Но, кој навистина стои зад овој план? Груевски и Мијалков – старите сојузници на ДУИ?

Сето ова викање за „деалбанизација“ е само чадна завеса! Затоа што тие не ги бранат Албанците, туку ја спасуваат својата глава од правдата која чука на врата!“ – стои во соопштението на ВРЕДИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

05/09/2026
Македонија

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од

05/09/2026
Македонија

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со

05/09/2026
Македонија

Американскиот синџир TGI Fridays доаѓа во Македонија

05/09/2026
Македонија

Тринаесетгодишно дете се уште се бори за живот по крвавата

04/09/2026
Македонија

Осум активни пожари во Македонија

04/09/2026
Македонија

Муцунски во Украина: Силна поддршка за суверенитетот и најава за

04/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова додели „Инженерски прстен“ на најуспешните 14 млади инженери

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45469
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен скопјанец во охридски автокамп, пронајдена марихуана во камп-приколка

05/09/2026

Четириесет и четиригодишен скопјанец е приведен во автокамп на брегот на Охридското Езеро, откако полицијата при претрес во камп-приколка пронашла

За една година бројот на вработени пораснал за повеќе од 7.000

05/09/2026

Пазарот на трудот во Македонија бележи позитивно движење во второто тримесечје од 2026 година во споредба со истиот период лани.

Превозниците најавуваат нови протести: Се заканува блокада на границите со ЕУ

05/09/2026

Незадоволството на превозниците од Западен Балкан поради правилата за престој во Шенген повторно се засилува. Откако веќе беа организирани протести

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy